Doga Kirmizioglu
24 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
АНКАРА (AA) - Откако американската медиумска корпорација „Либерти медија“ ја купи Формула 1, на чело на оваа организација дојде Американецот Чејс Кери, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на интернет-страницата на Формула 1 е наведено дека организацијата на Формула 1 е продадена за осум милијарди долари, а сопственоста ја презема американската компанија „Либерти медија“.
Така, по цели 40 години на позицијата шеф на Формула 1 замина Берни Еклстоун (86), а неговото место го зазеде копретседателот на медиумската куќа „21ст Сенчри фокс“, Чејс Кери. На Еклстоун му се заблагодарија за целиот негов придонес за Формула 1 и се нагласува дека со титулата почесен претседател ќе продолжи да дејствува како советник.
По завршувањето на процесот на продажба, Еклстоун им се заблагодари на сите екипи, спонзори и соработници со кои работел во последните четири децении.
‚‚Горд сум на сето она што го направив во текот на последните 40 години во Формула 1. Сосема сум сигурен дека ‘Либерти медија’ ќе продолжи да ја гради иднината на Формула 1“, рече Еклстоун.