Mutlu Demirtaştan
01 Јули 2017•Ажурирај: 02 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Финалниот натпревар меѓу Чиле и Германија ќе го одреди новиот шампион на Купот на конфедерации на ФИФА, јавува Anadolu Agency (AA).
Финалниот натпревар на Купот на конфедерации во недела, на 2 јули ќе се одигра на стадионот Санкт Петербург во истоимениот руски град со почеток во 20 часот. Натпреварот ќе го води српскиот судија Милорад Мазиќ.
Во натпреварите од Групата Б, Чиле и Германија одиграа нерешено 1-1.
Германија во групните натпревари ја победи Австралија 3-2, Камерун го совлада со 3-1, а во полуфиуналето го победи Мексико со резултат 4-1. Чиле во групите натпревари одигра нерешено со Австралија 1-1, а загуби од Камерун со резултат 2-0. Во полуфиналето, против Португалија одигра 0-0 во регуларниот тек на натпреварот. Ниту во двете продолженија немаше победник, по што се премина на изведување на пенали. Чиле беше подобар изведувач на ударите од 11 метри и со резултат 3-0 ја совлада Португалија, со што успеа да се пласира во финалето на Купот на конфедерации.
Германија и Чиле за првпат ќе играат во финалето на овој куп. Претходно во 2005 година, во борбата за третото место, Германија успеа да ја совлада екипата на Мексико во продолжетокот од натпреварот со резултат 4-3. Во регуларниот дел, натпреварот заврши 3-3.
- Натпревар за трето место
За третото место на Купот на конфедерации на ФИФА ќе се натпреваруваат екипите на Португалија и Мексико.
Натпреварот ќе се одигра на 2 јули, недела, на стадионот Спартак во Москва, со почеток во 14.00 часот. натпреварот ќе го води судијата од Саудиска Арабија, Фахад Ел-Мирдаси.