Doga Kirmizioglu
16 декември 2015•Ажурирај: 17 декември 2015
АНКАРА (АА) - Европската фудбалска федерација УЕФА го избра најдобриот состав во групната фаза од Лигата на шампионите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во веста објавена на веб-сајтот на УЕФА, беа објавени 11-те најдобри играчи во групната фаза од Лигата на шампионите оваа сезона.
Во оваа листа немаше ниту еден играч од последниот шампион на овој турнир, односно од шпанскиот тим Барселона, додека фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е на првото место со 11 гола, како најдобар стрелец е избран во листата.
Баерн Минхен од Германија и Париз Сен Жермен (ПСЖ) од Франција се клубови со двајца играчи застапени на оваа листа.
Другите фудбалери на оваа листа се:
Голман: Кевин Трап (ПСЖ)
Одбранбени играчи: Андреа Барзагли (Јувентус), Тиаго Силва (ПСЖ), Диего Годин (Атлетико Мадрид). Давид Алаба (Бајерн Минхен)
Играчите од средниот ред: Свен Кумс (Гент), Вилијан (Челзи), Рахим Стерлинг (Манчестер Сити)
Напаѓачи: Томас Миллер (Бајерн Минхен), Хулк (Зенит), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид)