Admir Fazlagic
22 Март 2019•Ажурирај: 22 Март 2019
СКОПЈЕ (АА) - Фудбалската репрезентација на Северна Македонија вечерва во Скопје со 3-1 ја победи Летонија во првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2020, јавува Anadolu Agency (AA).
Од почетокот на натпреварот македонските репрезентативции играа офанзивен фудбал, правејќи конкретни обиди да дојдат до водство против репрезентацијата на Летонија.
Првата шанса ја имаше капитенот Горан Пандев, кој јубилејно, по 100-ти пат го носеше дресот на националниот тим. Пандев во петтата минута од наптреварот имаше шанса да го отвори резултатот, но шутираше над голот на противникот.
Само неколку минути подоцна, односно во 11 минута од првото полувреме, Пандев ја упати топлата до Алиоски кој одлично се снајде и го совлада Вањинс, голманот на Летонија, со што македонските репрезентативци поведоа со 1:0.
На средината на првото поглувреме, Ферхан Хасани имаше две шанси, но не успеа да го зголеми водството. Поради повреда, Хасани беше повлечен од игра, а на негово место влезе Елиф Елмас.
Шанса да го зголеми водството имаше Енис Барди, кој изведувајќи корнер директно шутираше во голот на Летонија и ја погоди првата статива.
Во 31 минута, македонската репрезентација поведе со 2-0, а стрелец на голот беше Елиф Елмас и тоа беше неговиот прв гол за сениорската репрезентација.
Во второто полувреме играта беше посмирена, а македонската репрезентација се обидуваше да го сочува водството од првото полувреме. Во овој дел од натпреварот, Летонија имаше шанса, кога по изведен слободен удар, летонецот Шабала упати удар но Димитриевски одбрани.
Во остатокот од натпреварот, по неколку шанси имаа и македонските и летонските репрезентативци, а по судиското надополнување во второто полувреме, конечните 3:1 ги постави Елиф Елмас, кој го постигна и вториот погодок на овој натпревар.
Следниот натпревар репрезентацијата на Северна Македонија ќе го има во недела кога и гостува на репрезентацијата на Словенија.