AA
21 Мај 2022•Ажурирај: 22 Мај 2022
ПОДГОРИЦА (АА) - Машката кошаркарска репрезентација на Црна Гора ќе игра на Европското првенство, објави синоќа на својот интернет-сајт Светската кошаркарска федерација (ФИБА), известува Агенција Анадолија (АА).
Селекцијата на Црна Гора на Евробаскет (Eurobasket) ќе игра наместо Русија, која е дисквалификувана од натпреварувањата поради војната во Украина.
Црна Гора на Евробаскет ќе настапи во групата „А“, заедно со репрезентациите на Шпанија, Турција, Грузија, Белгија и Бугарија.
Европското првенство во кошарка ќе се одржи од 1 до 18 септември во Грузија, Германија, Италија и Чешка. Четирите првопласирани репрезентации од четирите групи ќе изборат пласман во осминафиналето.