Emre Doğan
20 Април 2017•Ажурирај: 21 Април 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Утврдени се најдобрите 11 фудбалери на годината во англиската Премиер лига, која важи за една од најгледаните светски фудбалски лиги, јавува Anadolu Agency (AA).
Унијата на професионални англиски фудбалери со гласање ги утврди најдобрите 11 играчи на годината. На првите две места се наоѓаат по четворица фудбалери од Челзи и од Тотенхем, а од Манчестер Јунајтед, Ливерпул и од Евертон по еден фудбалер. Германскиот фудбалер со турско потекло, Месут Озил, кој оваа сезона за Арсенал одигра 26 натпревари во коишто постигна 7 гола и 7 асистенции, не влезе во првите 11 најдобри фудбалери.
Најдобрите 11 на годината во Премиер лигата:
Голман: Давид де Хеа (Манчестер Јунајтед)
Одбрана: Кајл Волкер (Тотенхем), Давид Луис (Челзи), Гари Кејхил (Челзи), Дани Роуз (Тотенхем)
Среден ред: Деле Али (Тотенхем), Н’Голо Канте (Челзи), Еден Азар (Челзи), Садио Мане (Ливерпул)
Напад: Хери Кејн (Тотенхем), Ромелу Лукаку (Евертон).