Elvir Hociç
28 Март 2016•Ажурирај: 30 Март 2016
БАРСЕЛОНА (АА) - Најдобриот фудбалер во светот и ѕвездата на каталонската Барселона, Лионел Меси изјави дека Холанѓанецот Франк Рајкард бил најважниот тренер со кого има работено во текот на неговата досегашна кариера, јавува Anadolu Agency (AA).
Иако најголемите успеси со Барселона ги има постигнато додека тимот го предводеше Пеп Гвардиола, Меси го нема заборавено Рајкард кој во почетокот на кариерата му даде шанса од младинскиот тим да премине во првиот тим.
"Да бидам искрен, сите тренери кои ги имав од доаѓањето во првата шпанска лига, ме научиле нешто. Но, сепак мислам дека најважен е Рајкард", рече 28-годишниот Меси во интервју за MBC.
Меси истакна дека тој не е сигурен во која насока би одела неговата кариера да не бил Рајкард кој на талентираните момчиња им дава можност да играат во првиот тим на Барселона.
"Јас секогаш сум велел дека Рајкард е исклучително важна личност во мојот живот. Тој беше оној кој веруваше во мене и ми даде шанса", заклучи Меси.