Dejan Maksimoviç
10 Март 2018•Ажурирај: 12 Март 2018
МАНЧЕСТЕР (АА) - Манчестер Јунајтед во дербито од 30. коло на англиската Премиер Лига го совлада најголемиот ривал, екипата на Ливерпул со резултат 2:1. По денешната победа на Олд Трафорд, менаџерот Мурињо изјави дека неговите играчи за време на целиот натпревар имале контрола над играта, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јунајтед успеа да триумфира благодарение на погодоците на Маркус Рашфорд во 14. и 24. минута. Во продолжението на натпреварот, Ливерпул само успеа да го намали водството на 2:1 преку автоголот на Ерик Бејли.
„Рашфорд постигна два погодоци погодоци против првокласен противник. Ја искористи првата можност што му се укажа, што не се случуваше во претходните неколку месеци. Неговата самодоверба патеше поради тоа. Осеќавме дека ова би можел да биде идеален натпрвар за неговите квалитети. Тој многу бргу напредува, работејќи напорно на тренинзите“, рече Мурињо и продолжи:
„Ова е совршен резултат за нас. Освоивме три големи поени. Не би одел многу далеку и затоа ќе кажам дека ова беше совршен настап. Во првото полувреме ни се укажа можност да бидеме директни, брзи и да постигнеме погодоци. Можевме да постигнеме и повеќе. Хуан Мата да го постигнеше третиот погодок, тоа ќе беше фантастично“.
Португалскиот фудбалски стручњак смета дека гостите ниту во еден момент сериозно не го загрозиле голот на Манчестер Јунајтед.
„Во вториот период Ливерпул имаше посед на топка, додека ние ја контролиравме ситуацијата без топка. Не можам да се сетам дека Давид де Хеа мораше да интервенира. Не се сеќавам дека бевме во опасна ситуација, дури ниту во моментите кога противникот намали на 2:1, што можеше да го подигне Ливерпул. Нашиот тим цело време ја имаше контролата“, закључи Мурињо.
По денешниот триумф во 170. првенствено дерби меѓу големите ривали, Манчестер Јунајтед се зацврсти на втората позиција со 65 поени, 5 повеќе од третопласираниот Ливерпул.