Abdulkadir Karakaya
08 Септември 2020•Ажурирај: 09 Септември 2020
АНКАРА
Во натпреварите од полуфиналето на плејофот на американската Национална кошаркарска лига, Бостон Селтикс во петтиот натпревар го совлада актуелниот шампион Торонто Репторс со 111:89 и поведе со 3:2 во меѓусебните дуели до 4 победи, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа два натпревари од плејофот на НБА. Во полуфиналето на Источната конференција Бостон Селтикс благодарение на Џејлен Браун, кој постигна 27 поени и 6 скока, успеа да го совлада Торонто Репторс со 111:89.
Селтикс со оваа победа успеаја да се изборат за водство од 3:2 во меѓусебните дуели, а покрај Џејлен, значителен придонес за победата дадоа и Кемба Волкер со 21 поен, 7 асистенции и 4 скока и Џејсон Татум со дабл-даб од 18 поени, 10 скока и 4 асистенции.
Во редовите на Репторс најпрецизни беа Фред Ванвлит со 18 и Норман Пауел со 16 поени, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот.
- Клиперси повторно во водство
Лос Анџелес Клиперс го одигра третиот натпревар од полуфиналето на плејофот во Западната конференција. Лос Анџелес Клиперс го совлада Денвер Нагетс со 113:107 и премина во водство од 2:1 во серијата од 4 победи.
Најпрецизни во редовите на Клиперс беа Пол Џорџ со 32 поени, 4 скока и 4 асистенции и Кавај Леонард со дабл-дабл учинок од 23 поени, 14 скока и 6 асистенции.
Кај Нагетс најпрецизни со дабл-дабл учинок беа Никола Јокиќ, кој постигна 32 поени и 12 скока, и Мајкл Портер Џуниор со 18 поени и 10 скока.