Şenhan Bolelli
24 Ноември 2018•Ажурирај: 25 Ноември 2018
МАДРИД (АА) - Во 13. коло во шпанската Прва фудбалска лига (Ла Лига), Реал Мадрид на гостински терен беше поразен од Еибар со резултат 3:0, јавува Anadolu Agency (AA).
Фудбалерот на домашната екипа Еибар, Гонзало Ескаланте, постигна погодок во 16. минута, и со тоа првото полувреме заврши со водство на Еибар.
Водството на домашната екипа продолжи и во второто полувреме, кога во 52. минута погодок постигна Серџи Енрих, а во 57. минута Енрике Гарсија Мартинез ја затресе мрежата на Реал Мадрид.
Еибар со постигнатите 3 погодоци победи против Реал Мадрид.
Еибар во табелата има 18, додека Реал Мадрид, 20 бода.