Mutlu Demirtaştan
26 Јануари 2017•Ажурирај: 27 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Клубовите што се натпреварувaат во првата лига на германското фудбалско првенство (Бундеслига) поставија нов рекорд остварувајќи приходи од 3,24 милијарди евра во сезоната 2015-2016, јавува Anadolu Agency (AA).
Во финанскиот извештај објавен на веб-страницата на Бундеслигата се наведува дека приходите на 18-те клубови од лигата во сезоната 2015-2016 достигнаа 3,24 милијарди евра, со што е остварен пораст од 23,7.
Исто така, се наведува дека лигата првпат достигнува приходи од 3 милијарди евра, а 13 од вкупно 18 клубови оствариле приходи од над 100 милиони евра.
Втората фудбалска лига на Германија (2. Бундеслига) во сезоната 2015-2016 достигна приходи од 608,3 милиони евра, остварувајќи пораст од 20,6% во споредба со претходната сезона.