Doga Kirmizioglu
26 Јануари 2017•Ажурирај: 27 Јануари 2017
АНКАРА (АА) – Во женското натпреварување на тенискиот Гренд слем турнир Австралија опен, Американката Серена Вилијамс по победата од 2:0 против хрватската тенисерка Марија Лучиќ-Барони, ќе биде противник на својата постара сестра Венус Вилијамс, јавува Anadolu Agency (AA).
Во полуфиналниот дуел во женска конкуренција на Австралија опен, носителката на 2. Место, Серена Вилијамс од САД се сретна со хрватската тенисерка Мирјана Луќиќ-Барони, која е на 79. место во светот и првпат се натпреваруваше во едно полуфинале од Гренд слем турнирот.
Шесткратниот шампион Серена Вилијамс се пласираше во финалето на Австралија опен по совладувањето на нејзиниот противник во сетови 6:2 и 6:1, вкупно 2:0.
Триесет и петгодишната Серена Вилијамс која има освоено 22 Гренд слем титули, во финалето ќе се сретне со својата постара сестра, 36-годишната Венус Вилијамс, која е на 13. место во светот.
Двете сестри 8 пати досега се натпреваруваа меѓусебно во финалните мечеви на Гренд слем турнирот, од кои 6 пати победи Серена, 2 пати Венус. Последната победа на Венус Вилијамс против Серена е во финалето на Вимблдон во 2008 година.