Dejan Maksimovic
17 Август 2017•Ажурирај: 19 Август 2017
ЛОНДОН (АА) - Напаѓачот Диего Коста се огласи со соопштение во коешто ја извести јавноста дека не сака да се врати во лондонскиот Челзи и дека мора да се врати во Атлетико Мадрид, пренесува Anadolu Agency (AA).
Бразилскиот фудбалер кој настапува за репрезентацијата на Шпанија зад себе има прекрасна сезона во Челзи со кој ја освои титулата првак на Англија. Меѓутоа, по завршувањето на сезоната, на почетокот од јуни, Антонио Конте, менаџер на Челзи, го извести Коста дека тој веќе не е во неговите планови.
Поради тоа, одличниот напаѓач одлучи да остане во Бразил и му се закани на клубот дека ќе остане таму сѐ додека не стане слободен играч.
„Мојата идна дестинација е веќе одредена. Морам да се вратам во Атлетико Мадрид. Се покажа дека сум во ќорсокак, бидејќи Челзи не сака да ме пушти, но верувам дека оваа ситуација ќе биде решена кога ќе се вратам во Шпанија“, порача Коста.
Рикардо Коста, адвокат на 28-годишниот фудбалер, минатата недела изјави дека неговиот клиент има за цел да поднесе барање за трансфер и дека размислува за започнување на правна постапка против Челзи, за да го присили лондонскиот клуб да го пушти во Атлетико Мадрид.
Коста токму од Атлетико во 2014 година премина во Челзи. Во дресот на „сините“ оттогаш одигра 120 официјални натпревари, а постигна 59 гола и освои две титули првак на Англија и една шампионска титула во Лига купот. Договорот со Челзи го врзува Коста до летото 2019 година, а Атлетико поради забраната на ФИФА не може да носи играчи до 1 јануари наредната година.