Doğa Kırmızıoğlu
03 Март 2022•Ажурирај: 04 Март 2022
АНКАРА (АА) ‒ Светскиот шампион во Формула 1 од минатата сезона, Макс Верстапен, го продолжи договорот со Ред Бул до крајот на сезоната 2028 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Формула 1 се вели дека Холанѓанецот, чиј договор беше со важност до крајот на сезоната 2023, прифатил продолжување на договорот за уште пет години.
„Задоволство е да се биде дел од тимот на Ред Бул. Ова не беше тешка одлука за мене“, изјави Верстапен.
Британските медиуми пишуваат дека Верстапен, кој забележа 20 победи во кариерата и 60 пати застана на подиумот, со новиот договор би можел да заработува 40-50 милиони евра годишно.
Минатата сезона беше крајно неизвесна, а во борбата за титулата беа Верстапен и возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон. Сепак, по контроверзната трка за Големата награда на Абу Даби, последната етапа од сезоната, Верстапен ја освои својата прва титула шампион на Светското првенство во Формула 1.