Dejan Maksimoviç
16 Март 2019•Ажурирај: 17 Март 2019
МЕЛБУРН (АА) - Британскиот возач Луис Хамилтон продолжи таму каде што застана минатата сезона на Формула 1. Актуелниот светски шампион е во квалификациите за Големата награда на Австралија, прва во новата сезона, беше феноменален, освои пол-позиција и најави дека со автомобилот на „Мерцедес“ („Mercedes“) повторно е еден од кандидатите за тронот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Хамилтон, во финишот на квалификациите, од лидерската позиција го тргна Волтер Ботас, тимски колега од „Мерцедес“, за 0,112 секунди. Британецот оствари рекордно време од кругот на патеката Алберт Парк, а тоа изнесува 1:20,486 минути.
Од третата позиција утре ќе стартува Себастијан Ветел од „Ферари“ („Ferrari“), а во вториот ред, но со четврто време ќе биде и Макс Верстапен од „Рејсинг Хонда“ (RB „Racing-Hondа“).
Вториот возач на „Ферари“, талентираниот 21-годишен Чарлс Леклерк, постигна петто време.