Mutlu Demirtaştan
06 Септември 2017•Ажурирај: 06 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Синоќа се одиграа натпреварите од 8. коло на европските квалификации за Светско првенство во фудбал ФИФА 2018, јавува Anadolu Agency (AA).
Во квалификациите кои ќе ги одредат 13-те учесници на Светското првенство во Русија од Европа, вчера се одиграа 9 натпревари од Д, Г и И групата.
Репрезентациите на Македонија и Албанија во рамките на групата Г, синоќа на стадионот „Младост“ во Струмица одиграа нерешено 1:1. Одисе Роши во 53. минута од натпреварот на нафрлена топка во шеснаесетникот, со глава постигна погодок со кој репрезентацијата на Албанија поведе со 0:1. По водството на Албанија, Македонија започна да игра поотворено и понапаѓачки и во 78. минута се избори за пенал, кој Алексадар Трајковски го претвори во погодок со кој го изедначи резултатот на 1:1.
Во натпревар од групата И, синоќа Турција во Ескишехир ја дочека репрезентацијата на Хрватска. Со погодокот на Џенк Тосун во 75 минута, Турција извојува победа над Хрватска.

Во девет натпревари од европските квалификации кои се одиграа синоќа, постигнати се следниве резултати:
Група Д:
Австрија - Грузија 1:1
Молдавија - Велс 0:2
Република Ирска - Србија 0:1
Група Г:
Македонија - Албанија 1:1
Италија - Израел 1:0
Лихтенштајн - Шпанија 0:8
Група И:
Исланд - Украина 2:0
Косово - Финска 0:1
Турција - Хрватска 1:0