Admir Fazlagic
06 Септември 2017•Ажурирај: 06 Септември 2017
СТРУМИЦА (АА) – По завршениот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Албанија кој заврши со 1:1, што се играше на стадионот „Младост" во Струмица, во рамките квалификациите за Светското првенство 2018 година, селекторите на двете репрезентации на прес конференција ги искажаа своите впечатоци. И двајцата селектори истакнаа дека очекуваа победа од овој меч, јавува Anadolu Agency (AA).
Селекторот на репрезентацијата на Албанија, Кристијан Панучи, рече дека играчите не беа на вистинското ниво и затоа имаа две измени во тимот.
„Вистина е дена не бевме на наше ниво и затоа имавме две измени. Едноставно, не успеавме да врземе две додавања, направивме измени постигнавме гол и имамвме шанса за втор гол преку Садику. Примивме гол од пенал и во последните минути како да им снема сила на нашите играчи", рече Панучи.
Изјави дека Макеоднија не направи поголем притисок и изгледни шанси, како и дека играчите на Албанија требаше да ги искористат шансите во нападот.
Меѓудругото, Панучи дека сега преостанува да размислува за мечот со репрезентацијата на Шпанија, истакнувајќи дека ќе се обидат да го дадат најдоброто од себе, а потоа ќе размислува за натпреварот со репрезентацијата на Италија, која исто така е една од водечките репрезентации во светот на фудбалот.
Од друга страна, селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски упати честитки до неговите фудбалери, за сето она што го направија на натпреварот, меѓутоа, потенцираше дека жали поради тоа што македонската репрезентација не победи на овој меч.
„За жал не успеавме да победиме, иако имавме многу шанси за гол. На крај компетно се отворивме. Кога вкупно ќе се земе се што се случуваше на натпреварот, нормално требаше да го добиеме овој натпревар, но ние постигнавме само еден гол", рече Ангеловски, истакнувајќи дека жали што репрезентацијата на Македонија не успеа да победи на овој натпревар.
Ангеловски посочи дека го радува што репрезентативците имаат офанзивен пристап во играта, што покажува и резултати.