Dejan Maksimovic
15 Јули 2017•Ажурирај: 16 Јули 2017
СИЛВЕРСТОН (АА) - Британскиот возач на Формула 1, Луис Хамилтон ги израдува домашните навивачи на патеката во Силверстон. Хамилтон во квалификациите за трката за Големата награда на Британија постигна најдобро време и ја осигура пол позицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Хамилтон по петти пат ќе тргне од стартната позиција за Големата награда на Британија. Тој постигна време од 1:26.600 минути. Зад него се пласираа двајцата возачи на Ферари, Кими Раиконен и лидерот на табелата, Себастијан Фетел. Заедни со Фетел, од вториот ред ќе стартува Валтери Ботас, колегата на Хамилтон од тимот на Мерцедес, остварувајќи четврто најдобро време во квалификациите.
На табелата на возачи на Формула 1, пред трката на Големата награда на Британија, води Фетел со 171 поен. Следи Хамилтон со 151, додека третопласиран е Ботас со 136 поени. На табелата на конструктори, лидер е Мерцедес со 287 поени, додека второпласиран е тимот на Ферари со 254 поени