Yunus Kaymaz
27 Јули 2023•Ажурирај: 30 Јули 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Англискиот репрезентативец и досегашен фудбалер на Ливерпул, Џордан Хендерсон, кариерата ја продолжува во Саудиска Арабија како играч во екипата Ал Етифак, јавува Анадолу.
Клубот од Дамам соопшти дека со 33-годишниот Хендерсон е потпишан тригодишен договор.
Хендерсон во дресот на Ливерпул одигра 492 натпревара и освои голем број трофеи, меѓу кои Лигата на шампиони, Премиер лигата, Суперкупот на УЕФА, Светското клупско првенство на ФИФА, ФА Купот и Лига купот.
Поранешниот капитен на Ливерпул, Хендерсон, од клупата на Ал Етифак ќе го води поранешната ѕвезда и капитен на „редсите“ Стивен Џерард.