Fatih Hafız Mehmet
22 декември 2016•Ажурирај: 22 декември 2016
АНКАРА (АА) - Советникот на Претседателството на Турција Јалчин Топчу изјави дека Македонците и Турците се братски народи и додаде дека македонската влада вложува сериозни напори турскиот народ во Македонија да ги добие сите права, јавува Anadolu Agency (AA).
Во генералниот секретаријат на меѓународната турската културна организација - ТУРКСОЈ беше организиран панел на тема „Како младите гледаат на културниот, уметничкиот и образованиот живот на Турците во Македонија “ по повод 21 декември - Денот на наставата на турски јазик во Македонија.
На отворањето на панелот свое обраќа имаше претседателскиот советник Топчу кој рече: „Македонците и Турците се братски народ. Имаме многу заеднички нешта“.
Советникот Топчу рече дека македонската влада вложува сериозни напори за образовниот и културниот живот и другите социјални права на Турците во Македонија.
Амбасадорот на Република Македонија во Турција, Звонко Муцунски изјави дека поради започнувањето на наставата на турски јазик во Македонија на 21 декември 1944 година, тој ден се слави како Денот на наставата на турски јазик во Македонија.
„Доделувањето на национален ден на Турците во Македонија значи признавање на Турците како суштински елемент во државата“, рече амбасадорот Муцунски и додаде дека во Македонија сѐ уште настава на турски јазик во основни и средни училишта посетуваат повеќе од 6.000 ученици.
Амбасадорот Муцунски потсети дека македонските власти најостро го осудиле подлиот обид за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО и ја поддржале демократско избраната власт.
Помошникот генерален секретар на ТУРКСОЈ, Фират Пурташ на Македонија ѝ ја честиташе 25. годишнината од независноста и на сите народи во Македонија им посака да живеат во среќа и просперитет. „Иако Македонија не е членка на ТУРКСОЈ, последните 8-10 годинии таа е земја со која ТУРКСОЈ најмногу соработува“, рече Пурташ.
Пурташ рече дека научниците и уметниците од Македонија се учесници на речиси сите активности на ТУРКСОЈ. Тој додадде дека и самата ТУРКСОЈ организирала голем број актвности во Македонија.
По отворањето на панелот за АА зборуваше амбасадорот Мусунски и истакна дека односите меѓу Македонија и Турција се наоѓаат на одлично ниво на секое поле.
На прашањето дали од Туција ќе бидат побарани наставници за училиштата на турски јазик во Македонија, амбасадорот Муцунски соопшти дека во принцип тоа е изводливо, но дека досега во таа насока не е потпишан договор со Турција.
Амбасадорот Муцунски рече дека доколку Министерството за образование на Македонија има потреба од наставници од Турција, тогаш тоа ќе го направи на средба со одговорните од Турција.
Амбасадорот Муцунски истакна дека голем интерес за турскиот јазик во Македонија има и од страна на нетурското население.
„Јас заедно со моите колеги од министерството го посетував курсот по турски јазик во Турскиот културен центар Јунус Емре. Шест месеци го следев курсот по турски јазик во институтот“, рече амбасадорот Муцунски и додаде дека големиот интерес за турскиот јазик во Македонија се базира врз добрите односи и културната и историска поврзанот меѓу двете земји.