Ahmet Furkan Mercan
24 Април 2019•Ажурирај: 25 Април 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакнa: „Турскиот народ, осудувајќи го актот на насилство, е заедно со народот на Шри Ланка и се моли за нив. Ние сме рамо до рамо со Шри Ланка во борбата против тероризмот“, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Чавушоглу по терористичкиот напад во Шри Ланка, ја посети Амбасадата на оваа земја во Анкара и се потпиша во книгата на жалост.
Турскиот шеф на дипломатијата во својата порака истакна дека уште еднаш најостро ги осудува нападите, изразувајќи им сочувство на Владата на Шри Ланка и на семејствата кои во тие напади ги загубија своите најблиски.
Министерот Чавушоглу во својата порака напиша:
„Потресени сме од ужасните напади врз црквите и хотелите во Шри Ланка изведени на 21 април 2019 година, во кои цел беа недолжни луѓе, и во кои животот го загубија повеќе од 300 лица, а уште повеќе беа ранети. Зборовите не се доволни за да се утешат семејствата коишто ги загубија своите најблиски.
Во име на нашата Влада, уште еднаш најостро ги осудувам нападите. На Владата на Шри Ланка и на семејствата на жртвите им го изразувам своето сочувство. Турскиот народ, осудувајќи го актот на насилство, е заедно со народот на Шри Ланка и се моли за нив. Ние сме рамо до рамо со Шри Ланка во борбата против тероризмот“.
Амбасадата на Шри Ланка во Анкара, преку својот профил на социјалната мрежа, ја сподели објавата: „Почитуван шеф на турската дипломатија, им се заблагодаруваме на турските организации и на луѓето кои обезбедија голема поддршка и солидарност во овие тешки времиња“.