Merve Aydoğan
23 Септември 2018•Ажурирај: 24 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Директорот за маркетинг и корпоративни комуникации на АА, Јилмаз Јаман, денес изјави дека Anadolu Agency (АА) обезбедува 63 отсто од фотографиите објавени во националните турски весници, како и 40 отсто од вестите.
На последниот ден од ТЕХНОФЕСТ Истанбул, на кој АА е глобален комуникациски партнер, Јаман на презентацијата изјави дека агенцијата има цел да обезбедува најбрзи и најверодостојни вести од светот за своите претплатници.
На фестивалот, кој започна во четвртокот, се одржуваат воздухопловни перформанси, технолошки натпревари, семинари за најсовремена технологија и меѓународен самит за претприемништво, покрај многуте други активности.
Во рамките на фестивалот се одржуваат низа технолошки презентации и натпреварувања. Овие натпреварувања се реализираат во вкупно 12 категории во партнерство со турските компании „Aselsan“, „Baykar“, BMC, IGA, ISBAK, „Roketsan“, TAI, TUBITAK и „Turksat“.
Јаман изјави дека Anadolu Agency покрива вести на 13 јазици, и додаде: „Имаме канцеларии во САД, во ОН, Њујорк и Вашингтон. Во нашите канцеларии во Вашингтон и Њујорк имаме 17 вработени.“
Тој, исто така нагласи дека агенцијата има канцеларија и во Пентагон, прва за Турција.
Наближувајќи се до својата 100. годишнина која ќе ја одбележи во 2020 година, Anadolu Agency, која претставува извор на доверливи вести, нуди вести, фотографии и видеоснимки за Турција, светот, економијата, спортот, здравството и технологијата.
Во моментот објавува вести на турски, англиски, македонски, арапски, француски, курдски, босански, хрватски и српски (BHS), руски, албански, персиски, индонезиски и шпански јазик.
АА во просек дневно од речиси секој континент произведува 1.650 вести, 2.330 фотографии и 400 видеоснимки, со што претставува глобална новинска агенција.