Jeyhun Aliyev
17 Февруари 2019•Ажурирај: 19 Февруари 2019
ЕДРЕНЕ (АА) - Најмалку 22 нерегуларни мигранти се задржани во северозападната турска област Едрене, која се граничи со Грција и Бугарија, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносни извори денес соопштија дека мигрантите биле фатени во подрачјето на Боснакој од страна на припадници на жандармеријата.
Групата мигранти - палестински, либиски и нигериски државјани - имале намера илегално да преминат во Европа.
Сите мигранти биле упатени во Центарот за миграции за подрачјето на Едрене.
Турција е главната рута за бегалците кои се обидуваат да влезат во Европа, особено од почетокот на граѓанската војна во Сирија.
Според податоците на турското Министерство за внатрешни работи, минатата година во Турција фатени се околу 265.000 нерегуларни мигранти.
Нерегуларните мигранти се претежно авганистански, пакистански, сириски и ирачки државјани.