Zuhal Demirci
27 Април 2018•Ажурирај: 27 Април 2018
АНКАРА (АА) - По информацијата дека Салах Муслум, еден од поранешните водачи на терористичката организација ПЈД/ПКК, ќе има обраќање на собир на ПКК во Германија, во Министерството за надворешни работи на Турција повикан е вршителот на должност на Амбасадата на Германија во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од дипломатски извори, на вршителот на должност, Роберт Долгер, му е пренесено незадоволството поради организирањето на собирот на терористичката организација на 19 мај, во германскиот град Лудвигсхафен, како и поради фактот што на планираниот собир говор ќе одржи Салих Муслум.
На германскиот дипломат пренесена му е загриженоста и информациите за активностите на терористичката организација.
Властите на Република Турција претходно побараа од германските власти да го уапси и екстрадира поранешниот водач на ПЈД/ПКК, Салих Муслум, на турските органи.
Поранешниот водач на терористите на ПЈД/ПКК, Салих Муслум, на крајот од февруари оваа година беше уапсен во Чешка, а судот во Прага го пушти на слобода. Потоа тој се појави и говореше на собирот на поддржувачите на терористичката организација ЈПГ/ПКК во Берлин.
Инаку, Муслум, поранешен водач на ПЈД, сириски огранок на терористичката организација ПКК, е еден од најбараните терористи во Турција. Турското Министерство за внатрешни работи за неговото апсење претходно распиша парична награда од речиси еден милион долари.