Ferdi Türkten
17 Октомври 2019•Ажурирај: 17 Октомври 2019
АНКАРА (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го прими потпретседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Мајк Пенс, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Кабинетот на претседателот на Турција се наведува дека состанокот на Ердоган и Пенс траел околу еден час и 40 минути.
На приемот присуствувал и специјалниот амбасадор на САД за Сирија Џејмс Џефри кој кратко со Ердоган разговараше на турски јазик. По приемот е одржан состанок меѓу делегациите на двете земји.
Пенс и државниот секретар на САД, Мајк Помпео денес допатуваа во официјална посета на Република Турција.
Вчера во Турција допатува и советникот на Белата куќа за национална безбедност, Роберт О’Брајан, кој се состана со шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.
Турските и американските делегации во Анкара денеска ќе разговараат за низа билатерални теми, како и за ситуацијата во Сирија.