Ekipa
12 Септември 2020•Ажурирај: 13 Септември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека некои кои знаат дека Турција е важна земја, на секаков можен начин правеле обиди да воспостават контрола и да управуваат со таа држава, но дека во тоа не успеале, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Нема сомнеж дека некои во ноќта на 15 јули беа на истите позиции и чекаа да кажат дека пучот успеал и „нашите момци повторно успеаја“. Но, таа ноќ видовме дека кога народот ќе стане на нозе, на пучистите тогаш од корист не им се ниту тенковите, топовите, оружјето, ниту медиумите, а ни меѓународната поддршка“, рече Ердоган на симпозиумот одржан во Истанбул по повод 40-годишнината од пучот кој се случи на 12 септември 1980 година.
Ердоган истакна дека во историјата на човештвото постојат многу форми на управување кои имаат географска и културна основа.
Нагласувајќи дека сите пучeви и обиди за пуч досега во Турција не се легитимни, национални и чесни, Ердоган рече: „На овој свет ние не видовме, не запознавме и нема да запознаеме никаква моќ што е поголема од моќта на народот.“
Според Ердоган, современата демократија е форма на управување што е развиена во Европа по долгото и крваво пребарување.
Исто така, нагласувајќи дека демократијата го одбележала минатиот век, Ердоган рече дека има широк спектар на примени, вклучувајќи и разлики.
Тој се осврна на крвавиот пуч од 12 септември 1980 година и нагласи: „Интелектуалниот живот на нашата земја по пучот на 12 септември никогаш не оживеа како што беше пред пучот.“
Ердоган на денешното обраќање на Островот на демократијата и слободите се осврна и на обидот на терористичката ФЕТО за пуч на 15 јули 2016 година.
„Денес можеме подобро да видиме дека обидот на воениот режим да ги уништи сите национални и локални елементи на оваа земја е со цел да го отвори патот на ФЕТО“, нагласи турскиот претседател.
- „Господине Макрон, уште многу маки ќе имаш ти со мене“ -
Ердоган ги коментираше и настаните во Источниот Медитеран, како и улогата на Франција и нејзиниот претседател Емануел Макрон во тој регион.
„Господине Макрон, уште многу маки ќе имаш ти со мене. Не ја знаеш историјата. Не ја знаеш ниту историјата на Франција. Затоа, не се занимавај со турскиот народ и не се занимавај со Турција. Не можете вие да ни држите предавања за човечноста“, порача турскиот претседател.
Тој упати апел и до грчките власти и Грција дека прават грешка во врска со случувањата во Источниот Медитеран.
„Правите погрешна работа. Не одете по тој пат, ќе останете сосема сами.“
На крајот додаде дека Турција не планира да бара помош од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) како што тоа некои го посакуваат.
„За нас веќе не постои врата што се вика ММФ, доволни сме си сами на себе, оваа земја е самоодржлива“.