Enes Kaplan
29 Октомври 2019•Ажурирај: 30 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека кога е во прашање националната безбедност и историските одговорности, Турција покажа дека може да направи што сака, со свои можности, без да земе дозвола, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган имаше свое обраќање на свечениот прием организиран по повод 96-годишнината од прогласувањето на Република Турција, во Народниот конгресен и културен центар во Бештепе, Анкара, каде нагласи дека со почит се сеќаваат на сите кои дале придонес во основањето на републиката, пред се на Мустафа Ќемал Ататурк.
„Благодарение на остроумниот и решителниот став на нашиот народ, терористичките организации не постигнаа успех и покрај големата поддршка“, рече Ердоган, додавајќи дека операциите извршени во последните години во Сирија како што се „Штитот на Еуфрат", „Маслинова гранка" и „Извор на мирот", се дел од оваа борба.
„Кога е во прашање националната безбедност и историските одговорности, Турција покажа дека може да направи што сака, со свои можности, без да земе дозвола“, нагласи Ердоган.
Турскиот претседател рече дека друг значаен резултат на борбата на Турција против тероризмот е целосното откривање на лицемерниот став на целиот свет, пред се на Западот, кон терористичките организации.
„Речиси ниту еден лидерите од Западот кои ни се јавија во врска со операцијата „Извор на мирот", не изразија жалост поради наши загинати 20 лица, претежно жени и деца, чија смрт е предизвикана од страна на терористичката организација, и повредени 184 браќа“, додаде Ердоган.
Тој истакна дека земјите од Западот не покажале напор за спречување на околу 700 напади, меѓу кои и насилни напади, врз турските претставништва во странство, и рече: „Напротив, терористите ги реализираа нивните активности под заштита на полициските сили на овие земји“.
„Освен Турција, секој којшто во врска со сириското прашање вели дека се залага за човекови права, животите на невините луѓе како и за иднината на сирискиот народ, отворено да ви кажам дека лаже. Во процесот во последните две недели повторно се откри дека приоритетната цел на секого, освен нас, којшто е заинтересран со Сирија, се нафтените извори во оваа земја“, нагласи Ердоган.
„Турција е единствената земја која Сирија не ја гледа како можност за стекнување моќ и нафта, туку таа земја ја гледа низ призма на луѓето и братството“, рече турскиот претседател и додаде:
„Очигледно е примитивното разбирање на некои, според кои, капка нафта е поважна од капка крв."