Barış Gündoğan
19 Октомври 2017•Ажурирај: 19 Октомври 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара изјави дека нема разлика помеѓу терористичките организации Боко Харам, ФЕТО и ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
На заедничката прес-конференција во претседателскиот комплекс во Анкара, заедно со неговиот нигериски колега Мухамаду Бухари, кој престојува во посета, Ердоган изјави: „Би сакал да кажам дека не постои разлика меѓу ФЕТО, ДЕАШ и Боко Харам, без разлика што тие прават или тврдат за нивното име - сите тие се група убијци, кои се хранат со крвта на невини луѓе“.
Според „Amnesty International“ (Амнести интернешнал) и ОН, терористичката група Боко Харам, која е поврзана со ДЕАШ, со седиште во североисточна Нигерија, има убиено десетици илјади и раселено 2,3 милиони лица од нивните домови, и рангирана е како една од најкрвавите терористички групи во светот од страна на Глобалниот индекс на тероризам во 2015 година.
Ердоган истакна дека борбата против ФЕТО не е само за Турција, туку им помага и на пријателите на Турција исто така.
„Турција и Нигерија имаат иста судбина во врска со тероризмот. Тероризмот на Боко Харам ги зеде животите на илјадници невини луѓе и угнетени во Нигерија. Околу 1,5 милиони луѓе се раселени на североисточната страна поради оваа терористичка група“, рече Ердоган.
„Ние ги поддржуваме нашите нигериски пријатели во нивната борба против тероризмот“, истакна тој.
Ердоган изјави дека Турција е подготвена да го сподели своето искуство и да даде секаков вид поддршка во борбата против тероризмот.
Тој исто така ја повика Нигерија да преземе чекори во затворањето на училиштата на ФЕТО во земјата и да соработува со Турција во борбата против таа терористичка група.
„Ние сме многу свесни дека институциите на ФЕТО не му служат на народот на земјата, туку служат за регрутирање милитанти“, додаде тој.
- Турските бизнисмени би требало да ја истражуваат Нигерија
Во своето обраќање пред новинарите, Бухари изјави дека постои голем потенцијал за инвестирање во неговата земја, додавајќи дека веќе многу е направено во областите образование и медицина.
Тој исто така, ги повика турските бизнисмени да го разгледаат потенцијалот на Нигерија.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот лидер Фетула Ѓулен се виновни за минатогодишниот неуспешен обид за воен удар во Турција, во кој загинаа 250 лица, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО, исто така, има значително глобално присуство, вклучувајќи ги и приватните образовни институции во Африка, кои служат како прилив на приходи за терористичката група.