Sorwar Alam
19 Октомври 2017•Ажурирај: 19 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека членството во ЕУ сé уште е стратешка цел на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашето лице било секогаш свртено кон Европа, бидејќи ние сме на овој континент. Турција е дел од овој континент, ви се допаѓало тоа или не. Ние не сме аутсајдери“, изјави Чавушоглу на меѓународниот форум на TRT World во Истанбул.
Забелешките на Чавушоглу доаѓаат во пресрет на средбата на европските лисери во Брисел на дводневни разговори на високо ниво, во кои ќе се разговара и за Турција.
Тој нагласи дека Европа е најголем трговски партнер на Турција.
„Ги споделуваме европските вредности, заедничките вредности и истите ги промовираме. Ние сме основач на многу европски институции, како на Советот на Европа“, додаде тој.
Турција аплцираше за членство во Европската Унија (ЕУ) во 1987 година. Пристапните разговори започнаа во 2005 година.
За добивање членство,Турција мора успешно да ги заврши преговорите со ЕУ во 35 поглавја, кои ги вклучуваат реформите и усвојувањето на европските стандарди.
Чавушоглу истакна дека и покрај тоа што Турција дава сѐ од себе во изминатите 16 години: „ЕУ е единствената институција во која не можевме да станеме членка“.
„Членството во ЕУ сé уште е стратешка цел за нас“, додаде Чавушоглу, и продолжи: „но ние не го гледаме ова од другата страна [ЕУ]. Тоа е проблемот“.
Тој наглси дека и покрај сите овие прашања, Европа не може да биде единственото подрачје на фокус за Анкара.
„Ние треба да ја балансираме нашата надворешна политика ... Мораме да го насочиме нашето лице кон исламскиот свет, што е многу важно“, рече Чавушоглу, кој говореше и за интересите на Турција во Африка, Латинска Америка и во Централна Азија.
Турција може совршено да го балансира ова, додаде турскиот министер за надворешни работи.
Тој истакна дека Европа треба да разбере оти домашната поддршка за членството на Турција во ЕУ ќе се намалува од ден на ден бидејќи постои големо разочарување и фрустрација.
„Разочарување во однос на двојните стандарди на ЕУ за тоа како тие нè гледаат и фрустрација во однос на исламофобијата, ксенофобијата и.т.н.“