Andaç Hongur
28 Февруари 2021•Ажурирај: 01 Март 2021
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, упати видеопорака по повод 24- годишнината од процесот попознат како „28 февруари“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Процесот попознат како „28 февруари“ во турската политичка историја е запишан како „постмодерен воен удар“.
„За време на 28 февруари бев градоначалник на Истанбул. Поради песната што ја прочитав, незаконски сум затворен и со тоа сакаа да се заврши мојот политички живот. Моментално служам како прв претседател на Турција избран од гласовите на граѓаните. И покрај сите облици на опструирање, гордо и чесно му служам на својот народ. Воениот удар е злосторство против човештвото. И самиот го доживеав 28 февруари, свесен сум за 28 февруари“, рече Ердоган.
Процесот „28 февруари“ почна откако Советот за национална безбедност на Турција на 28 февруари 1997 година донесе низа одлуки кои неретко се нарекуваат и постмодерен воен удар врз Владата на тогашниот премиер на Турција, Неџметин Ербакан, и тогашната шефица на турската дипломатија Тансу Чилер.
Меморандумот на воениот врв на Турција усвоен во 1997 година резултираше со вмешување на војската во извршната власт и колапс на Владата на чие чело беше тогашниот премиер Ербакан.
Ербакан пред оставката е приморан да потпише сет реформи кои, помеѓу другото, вклучуваа забрана за пристап до јавните институции за жените што носеа марама и затворање на верските училишта.