Atakan Çelik
16 Јануари 2018•Ажурирај: 16 Јануари 2018
АНКАРА (АA) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Анкара изјави дека НАТО е одговорен за заштитата на границите на земјите-членки, но позицијата на тој сојуз во врска со заканите за турските граници не е видлива, јавува Anadolu Agency (AA).
„Посебниот прекор е за НАТО. Вие сте одговорни за заземање став во случај на закана за границите на некои од сојузниците. Кој став досега сте го зазеле?“, рече Ердоган.