Büşra Nur Çakmak
20 Август 2021•Ажурирај: 21 Август 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција е подготвена да разговара со талибанците доколку е потребно, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ако некој затропа на нашата врата, ќе ја отвориме за дијалог“, изјави Ердоган за новинарите по петочната молитва во Истанбул.
Тој го критикуваше западниот свет и исламските држави за нивниот недостиг на интерес и грижа за Авганистан во изминатите две децении.
„Турција ги вложуваше неопходните напори за развој на Авганистан и ќе продолжи да го прави тоа“, рече Ердоган.
Во врска со бранот миграции од Авганистан по преземањето на талибанците, Ердоган изјави дека Турција е исто така домаќин на околу 300.000 недокументирани авганистански мигранти.
Талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан по преземањето на Кабул на 15 август, принудувајќи го претседателот и другите високи функционери да ја напуштат земјата.
Неочекуваното преземање на моќта предизвика брзање за бегство од Авганистан, вклучително и на цивилите кои им помагаа на странските војници или групи и сега се плашат од одмазда на талибанците.