Diyar Güldoğan
06 Ноември 2018•Ажурирај: 06 Ноември 2018
АНКАРА (АА) -Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Турција е светски лидер во борбата против ерозијата и лидер во зголемувањето на површината на пошуменото земјиште, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција е светски лидер во борбата против ерозијата и е една од ретките земји кои ги зголемуваат пошумените површини“, изјави Ердоган на настанот за садење дрва во главниот град Анкара.

Ердоган изјави дека Турција засадила 4,7 милијарди стебла во последните 16 години, и истакна: „Сакаме да го зголемиме тој број на 7 милијарди.“
Тој додаде дека Турција дава приоритет на проекти кои имаат за цел да го спречат загадувањето и создавањето отпад и да ја подигнат свеста за животната средина.
„Даваме приоритет на обновливите енергетски извори. Не можеме да постигнеме позелена и почиста Турција само со засадување на стебла“, изјави Ердоган.