Beşir Kelleci
26 Февруари 2025•Ажурирај: 27 Февруари 2025
БАЈБУРТ (АА) - Замрзна водопадот Сиракајалар во турската област Бајбурт, кој на своите посетители секоја сезона им нуди различна убавина, известува Анадолу.
Водопадот кој се наоѓа во близина на селото Сиракајалар, 16 километри оддалечено од градот Бајбурт, е еден од важните центри во регионот од аспект на туризмот.
Температурата на воздухот ноќе во регионот се спушти до 20 степени под нулата, што го замрзна водопадот.
Прекрасни слики формираше и замрзнатото корито на потокот.
Љубителите на природата кои пристигнаа во ова подрачје го фотографираа замрзнатиот водопад.
Ајшенур Авџи, која рече дека во секое годишно време доаѓа да го посети подрачјето каде што се наоѓа водопадот, истакна дека замрзнатиот водопад добива поинаква убавина во зима.