Cemil Murat Budak
05 Декември 2020•Ажурирај: 06 Декември 2020
АНКАРА
Местото Газипаша во турската област Анталија го потресе земјотрес со интензитет од 5,2 степени, известува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) на Турција на својата интернет-страница објави дека земјотрес со интензитет од 5,2 степени во 15:44 часот по локално време го потресе местото Газипаша во околината на Анталија.
Во соопштението на АФАД се наведува дека земјотресот бил на длабочина од 77,58 километри.