Tuba Şahin
05 Декември 2020•Ажурирај: 06 Декември 2020
ЕСКИШЕХИР (АА) - Штом Турција започне со сериско производство на сопствени мотори со гасна турбина за хеликоптери, тоа ќе спречи годишен увоз на висока технологија во вредност од 60 милиони долари, изјави турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Денес сведочиме на историски ден за нашата одбранбена индустрија“, порача министерот на свеченото отворање на постројките за производство на мотор со гасна турбина и Центарот за негова конструкција на ТУСАШ моторни индустрии (TEI) во централната турска област Ескишехир.
Моторите ќе се користат кај првиот повеќенаменски хеликоптер од турско производство, „Т625 Гокбеј“ - нова генерација, двомоторен, хеликоптер од класата од шест тони, развиен како одговор на зголемената побарувачка на пазарот.
Нагласувајќи дека земјата ги има постигнато целите на полето на високата технологија и напредните вештини за конструирање благодарение на Националната програма за технологија, Варанк рече дека моторот е дизајниран, развиен и произведен целосно од инженери и техничари на ТЕИ за само три години.
„Турција е една од седумте земји со технологија на мотор на гасна турбина“, истакна тој.
„Новиот центар за конструкција што ќе изработува мотори од домашно производство ќе биде почетна точка на нашата нова успешна приказна“, додаде Варанк.
Тој рече дека додека извозната вредност за килограм во моментов изнесува 1,50 долари, оваа бројка во одбранбената индустрија се искачила на над 50 долари во одбранбената индустрија.
„Извозната вредност на нашиот прв домашен мотор за хеликоптери „TS 1400“ е 6.000 долари за килограм“, додаде турскиот министер за индустрија и технологија.
За време на церемонијата беше завршено тестирањето на моторот, кој произведува 1.660 коњски сили. Проектот започна во 2017 година.