Hikmet Faruk Başer
24 Јули 2018•Ажурирај: 25 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во истанбулската населба Бејоглу се сруши четирикатна зграда по два часа откако беше евакуирана поради лизгање на земјиштето под оваа зграда, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, се случило лизгање на земјиштето под четирикатницата, во местото Сутлуџе во Бејоглу, додека пожарникарските и медицинските екипи се на местото на настанот.
Улицата до оваа зграда е затворена за сообраќај од страна на полицијата, која презеде безбедносни мерки во околината. Зградата беше евакуирана, но поради безбедносна претпазливост евакуирани беа и околните згради.
Градоначалникот на Општина Бејоглу, Ахмет Мисбах Демирџан, во изјава за медиумите, информираше дека зградата била изградена без дозвола во 1994 година.
Тој додаде дека Општината, во рок од 1,5 час, интервенирала во три згради, каде што се исклучени напојавењето со електрична енергија и природен гас, како и водоводната мрежа.
„Сите граѓани чијашто куќа е срушена, се наши гости. Наша должност е да ја преземеме одговорноста за сите граѓани што претрпеа материјална штета“, истакна Демирџан, информирајќи дека ќе одржат состанок со државните и владините органи за да ја понудат потребната помош, на кој ќе разговараат за сè, односно за повторната изградба на овие згради на краток, среден и долг рок.
„Сега за нас е важно е да згрижиме нашите граѓани што останаа на улица, нивните деца, да ги интегрираме, и да не дозволиме да доживеат проблеми“, додаде тој.