Faruk Zorlu
23 Јули 2018•Ажурирај: 24 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Полицијата на истанбулскиот аеродром „Ататурк“ уапси германски државјанин, во обид да прошверцува кокаин во капсули, скриени во стомачната празнина, истакнаа полициски извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата објави рентгенски снимки од осомничениот, идентификуван со иницијалите С. Д. А, кој пристигнал во Турција од Венецуела, на кои се гледаат проголтаните 54 капсули, исполнети со речиси 1,3 килограми кокаин.
Изворите, кои говореа под услов за анонимност, истакнаа дека лицето е приведено од полицијата на аеродромот.
Капсулите, потоа, се извадени од неговото тело, а Судот го испратил во затвор во исчекување на судењето.