İbrahim Halil Çekici
22 Декември 2016•Ажурирај: 23 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Возачите во Истанбул од денес имаат можност да го користат тунелот Евроазија, кој под Босфорот ги спојува европската и азиската страна на градот. Возењето од едната до другата страна претходно траеше околу 100 минути, а сега е намалено на 15 минути, јавува Anadolu Agency (AA).
Тунелот на релацијата Казличешме – Ѓозтепе е изграден 106 метри под нивото на морето.

Тунелот Евроазија би требало значајно да го намали сообраќајот на мостовите „Фатих Султан Мехмет“ и „Мостот на загинатите херои од 15 јули“, претходно нарекуван Мостот преку Босфорот.
Тунелот беше отворен во вторникот, а возачите ќе можат да го користат секој ден од 07.00 до 21.00 часот, а по 30 јануари 2017 година, тунелот ќе може да се користи 24 часа.
Се очекува низ Тунелот Евроазија дневно да поминуваат од 100.000 до 120.000 возила.
Двокатниот тунел под дното на морето е долг 5,4 километри, а вкупната должина на проектот изнесува 14,6 километри.
Освен тоа, благодарение на современата технологија и методи, тунелот е изграден на таков начин што нема на него нема да имаат влијание појави како земјотреси и цунами.
Со овој проект се проширени патиштата на влезот и излезот на тунелот, сообраќајот е дополнително расчистен, но тој ќе придонесе и за зачувување на околината, бидејќи делницата Казличешме – Ѓозтепе ќе биде најкратка, па со самото тоа ќе биде намалена емисијата на штетни гасови, но и трошоците за одржување на возилата.