Halil Demir,Mustafa Hatipoğlu
07 Октомври 2016•Ажурирај: 07 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО, турската полиција покрена истовремена акција во 35 градови ширум земјите со цел лишување од слобода на 166 лица, меѓу кои и директори на полициските управи, јавува Anadolu Agency (AA).
Истовремени акции по налог на Обвинителството во Истанбул се покренати со цел лишување од слобода на лицата за кои е утврдено дека користеле систем за шифрирана комуникација ByLock, кој е користен меѓу членовите на терористичката организација ФЕТО, одговорни за крвавиот обид за државен удар во Турција 15 јули оваа година.
Припадниците на полицијата вршат претреси во 35 градови, а само во Истанбул на 26 локации.