Vesna Besiç
03 Април 2018•Ажурирај: 04 Април 2018
КУШАДАСИ (АА) - Кушадаси, познат приморски град во Турција, секоја година привлекува голем број туристи од сите делови на светот.

Кушадаси, некогаш мала рибарска населба, денеска е популарно летувалиште на крајбрежјето на Егејското Море. Градот има повеќе од 60.000 жители, а во текот на летната сезона, во него престојуваат до 2 милиони туристи.
Кушадаси нуди богата содржина, меѓу која е културното и историско наследство од времето на античка Грција. Екипата на Anadolu Agency (AA) го сними овој приморски град од воздух.