Mücahit Türetken
17 Април 2023•Ажурирај: 20 Април 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Најголемиот турски воен брод „TCG Anadolu“, кој изминатата недела официјално ѝ беше испорачан на Турската воена морнарица, од вчера е укотвен во истанбулското пристаниште Сарајбурну, известува Анадолу.
Граѓаните покажаа голем интерес за воениот брод, кој денес ќе биде официјално отворен за посетителите. Многумина ја искористија можноста и со своите мобилни телефони го фотографираа најголемиот турски воен брод.
Граѓаните наредните денови, сè до 23 април, ќе можат да го посетат и да го разгледаат бродот „TCG Anadolu“.

Најголемиот турски воен брод „TCG Anadolu“ на 10 април официјално ѝ беше испорачан на Турската воена морнарица. „TCG Anadolu“ е првиот воен брод на светот во својата класа на кој можат да слетаат и да полетаат најголемите и најтешките хеликоптери и беспилотни летала.
Туркије е една од 10-те земји кои дизајнираат, развиваат и одржуваат сопствен воен брод.
Изградбата на воениот брод „TCG Anadolu“ започна во април 2016 година, а заврши оваа година. Околу 70 % од воениот брод се изградени со локални капацитети.

Бродот „TCG Anadolu“ може да префрли единици со големина на баталјон на одредени локации со сопствена логистичка поддршка, без потреба од поддршка на матичната база. Изграден е во истанбулското бродоградилиште Седеф, а овој брод може да превезува хеликоптери, дронови, копнени возила, лесни воени пловила и персонал.
Воениот брод „TCG Anadolu“ е долг 231 метар, широк 32 метри ,а може да превезува товар од околу 27.000 тони.