Sinan Uslu
20 Јануари 2017•Ажурирај: 21 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) на 150. ден од офанзивата „Штитот на Еуфрат“, која против терористичката организација ДЕАШ се води во северниот дел на Сирија, уништија 224 упоришта на организацијата, а неутрализирани се 23 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Офанзивата започната на 24 август е со цел да се отстрани заканата од терористичките организации во северниот дел на Сирија, особено од ДЕАШ. Меѓу останатото, уништени се засолништа, контролни објекти, вооружување и воени возила. Изведени се и воздушни напади на 19 позиции на ДЕАШ во подрачјето Суфланија, како и во Ал Баб, Бзагах и Кабасин.
Како резултат на акцијата на воздушните сили, уништени се 13 згради и едно возило кое членовите на организацијата го користеле како засолниште. Од почетокот на офанзивата, до денес се уништени 3.014 експлозивни направи од рачна изработка, како и 43 мини.
Офанзивата „Штитот на Еуфрат“ започна на 24 август 2015 година, во северниот дел на Сирија, заради неутрализирање на терористичките закани, особено ДЕАШ, и со цел да се зајакне безбедноста во сириско-турскиот пограничен појас.
Офанизваата ја спроведуваат сириските опозициски сили, а во согласност со меѓународното право за самоодбрана, ја поддржуваат и турските сили, како и меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ.