Behlül Çetinkaya
07 Декември 2022•Ажурирај: 08 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Вершинин, ќе допатува во турскиот град Истанбул во рамки на политичките консултации меѓу Туркије и Русија кои ќе се одржат на 8-9 декември, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за надворешни работи на Туркије.
Во соопштението се вели дека консултациите меѓу двете земји ќе се реализираат утре (8 декември) и на 9 декември меѓу делегациите на двете земји.
Руската делегација ќе биде предводена од страна на Вершинин, додека турската делегација ќе биде предводена од страна на заменик-министерот за надворешни работи на Туркије, Седат Онал.
Консултативните состаноци ќе се одржат во турскиот град Истанбул.
Во рамки на состаноците се очекува да се разговара за прашањата околу спроведувањето на Договорот за жито.
Исто така, се очекува делегациите да се осврнат и на регионални прашања во врска со Сирија, Либија и Палестина.