Ahmet Sertan Usul
01 Јуни 2022•Ажурирај: 02 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Бројот на Сиријци кои се вратиле во својата земја од 2016 година надмина 500.000, изјави турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, јавува Агенција Анадолија (АА).
По антитерористичките операции на Турција преку нејзината граница во северна Сирија, воспоставувањето безбедни области и одржливи јавни услуги, особено образованието и здравството, им овозможи на Сиријците да се вратат.
Од 2016 година Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница, во северна Сирија, за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на сириските жители: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Говорејќи на настанот по повод проектите на Турција за изградба на куќи во Идлиб, Сојлу истакна дека 503.350 Сиријци се вратиле во нивната земја по операцијата „Штитот на Еуфрат“.
Зборувајќи дека проектите за изградба на куќи продолжуваат на 259 различни локации во северна Сирија, тој рече дека досега е завршена изградбата на речиси 60.000 куќи.
Сирија е заробена во жестока граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост против продемократските протести.
Според официјалните бројки на ОН, над 350.000 луѓе ги загубиле животите во конфликтот, но групите за човекови права проценуваат дека бројот на загинати е меѓу 500.000 и 600.000.
Над 14 милиони мораа да ги напуштат своите домови, да станат бегалци или се внатрешно раселени, соопшти ЕУ.