Nurhan Çorlu
20 Октомври 2017•Ажурирај: 20 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим денеска во Истанбул изјави дека Африка е место од каде потекнува човештвото и од каде потекнува цивилизацијата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Секогаш претставниците на тие цивилизации ги сметавме за наши браќа со кои треба одблиску да соработуваме. Секогаш ги почитуваме вредностите кои Африка ги негува. Меѓу приоритетите на надворешната политика на Турција, секогаш беше слободата, независноста и стабилноста на африканските земји. Делуваме по принципот 'ја развиваме Африка, ја развиваме Турција'. Вредностите кои ги делиме ја направија Турција не само пријател на Африка, туку и сосед. Турција со еден дел е во Азија, а со друг во Европа, а со срцето со години е со Африка", рече Јилдирим.