Oktay Özden
10 Април 2017•Ажурирај: 11 Април 2017
АНТАЛИЈА (АА) - Турските и странските туристи кои имаат желба да го видат морското дно на Средоземното Море, тоа можат да го старат благодарение на туристичката подморница „Немо примеро“, која ги нуди своите услуги во градот Аланија, јавува Anadolu Agency (AA).
Туристичката атракција, подморницата „Немо примеро“ ги води своите патници во длабочините на морето покрај Аланија, овозможувајќи им да го видат живописниот морскиот свет благодарение на големите прозорци на подморницата.
Компанијата „ЗЗТ Улуџан Марин“ подморницата од финско производство ја има увезено од Јамајка. Подморницата има капацитет од 22 патника и 2 члена на екипажот. Таа е долга 13 метри, широка 2,4 метри, тешка 42 тони и може да се нурне на длабочина од 100 метри. Подморницата „Немо примеро“ има едно навигаторско стакло, со дијаметар од 180 см и 12 панорамски прозорци со дијаметар од 80 см.
Оваа туристичка подморница е опремена со напредна технологија и има засилен безбедносен систем, како и акумулатори со висок капацитет, коишто овозможуваат непрекинато 10-часовно набљудување на морското дно. Истовремено, таа има капацитет да остане под вода 72 часа и 30 минути. Подморницата го привлекува вниманието и со својот капацитет за високи маневарски способности. Таа во еден ден може да изврши 10 нурнувања, без никаква помош однадвор.
- Дневно 8 тури, целта е 35.000 туристи -
Генералниот директор на компаниата „ЗЗТ Улуџан Марин“, Догуван Шахин, за дописникот на АА изјави: „Планираме со 8 тури дневно со подморницата, по морското дно да прошетаме 35.000 туристи на годишно ниво“.