Tuğba Altun
04 Ноември 2023•Ажурирај: 05 Ноември 2023
АНКАРА (АА) - Власта на Република Туркије го повика својот амбасадор во Тел Авив на консултации во Анкара заради израелското неприфаќање на повикот за прекин на огнот и продолжување на израелските напади врз цивили, известува Анадолу.
Турското МНР соопшти дека Шакир Озкан Торунлар, амбасадорот од Тел Авив, е повикан на консултации во Анкара.
„Нашиот амбасадор Торунлар е повикан на консултации во Анкара, имајќи ја во предвид хуманитарната трагедија што се случува во Газа поради израелското неприфаќање на повикот за прекин на огнот, продолжувањето на нападите врз цивилите и недозволувањето на непречен и континуиран влез на хуманитарната помош“, се наведува во соопштението на турското МНР.