Behçet Alkan
06 Јуни 2022•Ажурирај: 07 Јуни 2022
НЕВШЕХИР (АА) - Кападокија во Општина Ѓореме, една од најпознатите туристички дестинации во Туркије, во првите пет месеци од годинава ја посетиле повеќе од милион туристи, јавува Агенција Анадолија (АA).
Кападокија, која се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО, во деновите кога временските услови се погодни дневно прима повеќе од 3.000 туристи и пружа услуги со 156 балони на топол воздух.
Според Канцеларијата на гувернерот на Невшехир, Кападокија ја посетиле 1.030.491 туристи.

Оваа туристичка дестинација, каде што се спојуваат убавините на природата и историјата, формирајќи еден од најубавите предели во светот, привлекува домашни и странски туристи со природните, историските убавини и културното богатство.
Музеите и подземните простории во Кападокија во јануари ги посетиле 88.677 домашни и странски туристи, во февруари 83.432, во март 133.166, во април 247.459 и во мај 477.757 туристи.
Туристичкиот водич Севда Аксој изјави дека туризмот во оваа област заживува, по стагнацијата предизвикана од мерките воведени поради пандемијата на коронавирусот.
„Имавме многу работа, особено во април и мај. Домашните туристи последниве години посветуваат внимание и на културниот туризам. Среќни сме поради тоа. Веруваме дека и јуни ќе биде интензивен. Интерес покажуваат и студентите", рече Аксој.
Халиме Ебрар Кара е една од оние кои деновиве ја посетија Кападокија.
Таа е импресионирана од пејзажот и приказните кои се поврзани за подрачјето.