Nilay Kar
12 Март 2019•Ажурирај: 13 Март 2019
КИРШЕХИР (АА) - Турската полиција заплени стар ракопис на кожа од шверцери на антиквитети во централната турска област, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што изјавија безбедносните извори, ракописот - за кој се смета дека бил украден од сириски музеј - е запленет во Киршехир.
Постапувајќи по дојава, полициските сили запреле автомобил со истанбулски регистерски таблички на Автопатот Анкара - Кајсери, во близина на Киршехир.
Изворите соопштија дека ракописот бил скриен во килим до седиштето на автомобилот.
Книгата со стари ракописи на хебрејски јазик содржи различни цртежи на птици, има хексагонална форма и црвен камен на корицата.
За време на полицискиот претрес, исто така запленети се празни пиштоли и куршуми.
Двајца осомничени се приведени под обвинение за трговија со антиквитети.
Според сведочењата на осомничените, тие го купиле ракописот во Мардин, југоисточниот дел на Турција, и планирале да го продадат во Истанбул за голема сума пари.
Според осомничените, книгата со стари ракописи била украдена од градски музеј во Сирија и била илегално пренесена во Мардин.